Ayşe Aktaş
13 Септември 2016•Ажурирај: 14 Септември 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Министерството за надворешни работи на САД соопшти дека досега нема добиено официјално барање за ставање крај на присуството на американските војници на југот од Филипините, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на САД, Џон Кирби, на дневниот брифинг за медиумите соопшти дека се свесни за коментарите по изјавата на филипинскиот претседател Родриго Дутерте за стационираните американски специјални единици на островот Миндано на Филипините.
Кирби рече дека сѐ уште немаат добиено официјално барање од Филипините, и додаде дека продолжува посветеноста кон Филипините како сојузник на САД.
Дутерте во својот говор вчера, зборувајќи за конфликтите на островот Миндаро, ги нарече американските војници дволични и бранејќи го ставот дека состојбата на островот само ќе се влошува, рече: „Специјалните единици од Миндано треба да си одат“.
Дутерте, кој за претседател на Филипините беше избран на 30 јуни, по изборот ја започна борбата со нарко-картелите. Во акциите на безбедносните сили беа убиени повеќе од 2.000 лица, осомничени дека се дилери со дрога. Обединетите нации (ОН) и САД минатата недела го предупредија Дутерте дека треба во земјата да ги почитува меѓународните човекови права и да престане со убиствата во рамките на борбата против нарко-картелите.
Пред средбата со претседателот на САД, Барак Обама, на Самитот на Г-20 во Лаос, на прашањето на еден новинар дека е можно да биде критикуван во врска со борбата против нарко-картелите што ја води на Филипините, претседателот Дутерте се обрати со погрдни зборови против САД и Обама, изјавувајќи дека никој не може да бара сметка од него за борбата што на Филипините се води против нарко-мафијата. По оваа негова изјава, средбата беше одложена, на што Дутерте изјави дека „му е жал“, но не се извини.
На прес-конференцијата по Самитот на Г-20, Обама на поставено прашање одговори дека се ракувал со Дутерте и дека имал кратка средба. Обама изјави дека зборовите на Дутерте не ги сфатил лично, сметајќи дека тоа е начинот на кој Дутерте се изразува.
Дутерте се наоѓа пред закана да биде исклучен од членството во ОН, и соопшти дека кон крајот на неделата филипинската власт треба да донесе одлука за „независна надворешна политика“.