Serkan Eruysal
11 Јануари 2019•Ажурирај: 11 Јануари 2019
БУКУРЕШТ (AA) - Романија во четвртокот и официјално го презеде претседавањето со Европската Унија (ЕУ) од Австрија, која претседаваше во претходните шест месеци, јавува Anadolu Agency (AA).
Свечената церемонија на преземање на претседавањето со ЕУ е одржана во романската престолнина Букурешт во присуство на најголемите домашни и политички претставници и функционери на Унијата.
На церемонијата присуствуваа и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани, претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, претседателот на Романија, Клаус Јоханис, и премиерката Виорика Данчила.
Претседателот на Романија, Јоханис, во обраќањето на присутните рече дека неговата земја ќе работи ЕУ да биде единствена и силна, додавајќи дека моментално најголемите предизвици за Унијата се Брегзит, миграциите и прашањето на безбедноста.
Туск истакна дека има потполна доверба дека Романија ќе направи сè за да ги заштити интересите на цела Европа.
Јункер во обраќањето рече дека Романија се наоѓа во самиот центар на Европа и дека ЕУ без Романија не би била потполна, нагласувајќи ја важноста на владеењето на правото и борбата против корупцијата во цела Европа.
Од друга страна, група граѓани организираше протести пред зградата во која е одржана свеченоста против Владата на премиерката Данчила.
Собраните носеа транспаренти со натписи „Добре дојде Европо“, „Европо, не оставај нè“, „Иднината на Романија е во ЕУ“.
Програмата на романското претседавање со Унијата се состои од четири клуба, кои се темелат на досегашните европски стратегии: Европа на конвергенција, посигурна Европа; Европа како посилен глобален актер и Европа на заеднички вредности.