Fatjon Cuka
25 Август 2017•Ажурирај: 26 Август 2017
ТИРАНА/ДРАЧ (АА) - Принцот на Саудиска Арабија, Алвалид бин Талал бин Абдулазис Aл-Сауд, член на саудиското кралско семејство, пристигна во во посета на Албанија, каде што ќе се сретне со високите претставници на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Пристанишните власти во Драч (АПД) соопштија дека денес саудискиот принц пристигнал во Драч со својата јахта.
„Амбасадорот на Албанија во Саудиска Арабија, Сами Шиба, за 'АПД' истакна дека во бродот патува принцот Алвалид бин Талал бин Абдулазис Aл-Сауд. Членот на кралското семјество на Саудска Арабија ќе оствари средба со премиерот на Албанија, Еди Рама“, се наведува во соопштението на АПД.
Јахтата „Кингдом“ со должина од 74 метри, плови под знамето на Саудиска Арабија и е регистрирана во пристаништето на Џеда.
Според соопштеното, на средбите меѓу саудискиот принц и властите на земјата се очекува да се разговара за можностите за инвестирање во Албанија, како и за проекти во различни области меѓу Саудиска Арабија и Албанија.