Admir Fazlagic
12 Јуни 2019•Ажурирај: 12 Јуни 2019
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски престојува во работна посета на Брисел, пренесува Anadolu Agency (AA).
Претседателот Пендаровски оствари билатерална средба со претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, а најавена е и средба со заменик-претседателот на Европската комисија и висок претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини.
„За време на работната посета на Брисел, претседателот Пендаровски ќе се обрати на трибина организирана од „Пријателите на Европа“, водечка тинк тенк организација која ги поврзува луѓето, ја стимулира дебатата и предизвикува промени за да создаде повеќе инклузивна, одржлива и прогресивна Европа. Претседателот ќе говори на тема „Северна Македонија и нејзината потрага за евроатлантска интеграција“, се вели во соопштението од кабинетот на претседателот Пендаровски.
Најавено е и дека претседателот Пендаровски ќе одржи заедничка прес-конференција со претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск.