Admir Fazlagic
28 Септември 2021•Ажурирај: 28 Септември 2021
СКОПЈЕ (АА) - Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, пристина во официјална посета на Република Северна Македонија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Фон дер Лајен пристигна на Меѓународниот аеродром во Скопје, каде беше пречекана од вицепремиерот за европски прашања на Северна Македонија, Никола Димитров, а потоа на платото пред Владата беше пречекана од страна на премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, со кој ќе одржи состанок.
Според најавената агенда, претседателката на Европската комисија и премиерот Заев ќе го посетат Младинскиот културен центар во Скопје каде што ќе бидат пречекани од директорот на Младинскиот културен центар, Русе Арсов.
По предвидените средби, премиерот Заев и челничката на ЕК, Фон дер Лајен, ќе одржат заедничка прес-конференција.
Претходно денеска, Урсула фон дер Лајен претстојуваше во главниот град на Албанија, Тирана, каде по одржаните средби имаше заедничка прес-конференција со албанскот премиер Еди Рама, при што порача дека дава целосна поддршка за отпочнување на преговорите на Албанија и Северна Македонија со ЕУ.