Ekipa
25 Јуни 2016•Ажурирај: 26 Јуни 2016
ПАРИЗ (AA) – Претседателот на Франција Франсоа Оланд рече дека британскиот глас за излегување од Европската унија го постави прашањето за цела планета, јавува Anadolu Agency (AA).
Оланд во сабота вети дека ќе ги одржи добрите односи со Велика Британија, посебно во врска со преминувањето на мигрантите помеѓу двете земји, и тоа во воена и економска соработка.
Зборувајќи по состанокот во Париз со Бан Ки-мун, со генералниот секретар на Обединетите нации, Оланд нагласи дека „за целата планета се поставува прашањето, што ќе се случи? ".
Ги повикав на мирно и стабилно разделување Велика Британија и Европската унија, откако британскиот народ на референдумот во четврток го даде историскиот глас за напуштање на унијата.
Оланд, чија земја е еден од оснивачите и столбовите на европското единство, во текот на денешниот ден ќе одржи низа итни состаноци со лидерите на политичките партии во Франција во обид Европската унија да се сочува од раздорот по Брексит.