Furkan Abdula
18 Април 2017•Ажурирај: 19 Април 2017
СКОПЈЕ (АА) – Министерот без ресор и претседател на Турската демократска партија (ТДП) во Македонија, д-р Бејџан Илјас, упати честитки по повод референдумот што во неделата, на 16 април, се одржа во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот Илјас во свое име и во името на Турската демократска партија во Македонија, каде што ја врши функцијата на претседател, упати честитки по повод референдумот за уставните промени одржан во неделата, на 16 април во Турција.
Илјас во својата писмена изјава истакна дека посакува резултатот на референдумот да придонесе за посилно развивање на Турција, кој тој ја опиша како татковина.
„Им честитам на сите граѓани на демократската земја Турција, кои дадоа значајна одлука за иднината на Турција. Турскиот народ со резултатот на референдумот покажа дека во Турција постои една вистинска демократија. Целосно веруваме дека во наредниот период овој народ цврсто ќе се сплоти и ќе помагаат во градењето на една помоќна Турција. Моќна Турција, значи моќен Балкан. Ова истото значи Турците што живеат надвор од границите на Турција да се помоќни“, наведе Илјас во својата писмена изјава.
Меѓу другото, министерот Илјас нагласи дека со овие чувства упатува честитки до сите високи функционери на Турција, до турскиот народ, до турско-исламскиот свет, особено до претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, и посакува постигнатите резултати да бидат за доброто на сите.