İnci Gündağ,Tayfun Salcı
25 Март 2017•Ажурирај: 25 Март 2017
ЛОНДОН (АА) - Во извештајот на Одборот за надворешни работи на британскиот парламент, истакнат е потенцијалот во однос на билатералните односи меѓу Велика Британија и Република Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Во извештајот изготвен на 79 страници, насловен како „Репресија или обновување? Односите на Велика Британија и Турција", се истакнува важноста на Турција како меѓународен партнер.
Во извештајот се поддржува развојот на стратешката соработка помеѓу Велика Британија и Турција, а особено се нагласени можностите во билатералните односи во областа на трговијата, безбедносна и одбранбената индустрија.
Исто така се истакнува дека Турција е регионална сила која има централно значење, а се додава дека одлуките кои ќе ги донесе Анкара ќе ја одредат судбината на регионот.
Во извештајот е нагласено и значењето на Турција во борбата против ДЕАШ и напорите со бегалците, а истакната е и посебната улога на Анкара во зачувувањето на стабилноста во регионот.
Во текстот на извештајот се спомнува и обидот за државен удар на 15 јули, истакнувајќи се како овој настан беше напад врз демократијата и дека брзата поддршка на Обединетото Кралство испратена до Турција во овој поглед беше соодветна.
Исто така се наведува како по брзата поддршка која ја упати британското Министерство за надворешни работи по обидот за државен удар во Турција, во таа земја допринело сфаќањето дека Обединетото Кралство е близок сојузник и пријател.
Извештајот содржи претпазливи тврдења за терористичка организација ФЕТО. Се наведува дека британското Министерство за надворешни работи верува во она што Турција го соопштила за поврзаноста на ФЕТО во обидот за воен удар. Меѓутоа, се наведува дека не располагааат со доволно сознанија во врска со ФЕТО.
Извештајот изготвен во форма на препораки на британската влада, беше напишан од страна на членовите на Одборот за надворешни работи кои во јануари ја посетија Турција при што се состанаа со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, премиерот, Бинали Јилдирим и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
Делегацијата на Одборот за надворешни работи ја предводеше Криспин Блант.
Извештај на Одборот за надворешни работи на британскиот парламент е направена врз основа на податоците собрани за време на посетата на Турција, како и во разговори со одредени лица во Лондон.