Ahmet Gürhan Kartal
09 Февруари 2017•Ажурирај: 09 Февруари 2017
ЛОНДОН (AA) - Британскиот Парламент вчера ја овласти премиерката Тереза Меј да ја започне процедурата за излез од Европската Унија (ЕУ), јавува Anadolu Agency (AA).
По три дена расправа и 140 страници предложени амандмани, 650 британски пратеници го одобрија законот за Брегзит во првото читање, со 494 гласа за и 122 против. Со оваа одлука на премиерката Меј ѝ е овозможено идниот месец да го започне процесот на раздолжување, седум месеци по историскиот британски референдум.
Инаку, Меј не сакаше Парламентот да расправа за овој закон, но на тоа ја присили Врховниот суд. Откако е прифатен во Долниот дом, законот ќе биде разгледуван во Домот на лордовите.
До конечното прифаќање на законскиот текст ќе поминат веројатно уште неколку недели. Премиерката Меј претходно изјави дека на 31. март ќе го активира членот 50 од Лисабонскиот договор, првата етапа од двегодишното преговарање за излез од ЕУ.