Husamedin Gina
14 Март 2022•Ажурирај: 15 Март 2022
СКОПЈЕ (АА) - Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Европската Унија и потпретседател на Европската комисија, Жосеп Борел, истакна дека ова е момент на будење за Европа, момент кога треба да заживее процесот на проширување со земјите од Западен Балкан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Борел, кој се престојува во официјална посета на Северна Македонија, која е прва станица на неговата турнеја низ Западен Балкан, одржа заедничка прес-конференција со премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски.
Наведувајќи дека неговата посета доаѓа како одговор на еден варварски напад што се одвива врз луѓето на Украина, Борел рече дека не се напаѓаат само воените објекти туку и цивилите и дека можеби 4 до 5 милиони Украинци ќе бидат пречекани во другите земји.
„Мора да се заблагодарам на Владата на Северна Македонија за јасното осудување и цврстиот став против руската агресија и цврстата поддршка за Украина и за украинскиот народ“, нагласи Борел.
Борел, наведувајќи дека Северна Македонија и целиот регион се стратешки приоритет за Европската Унија, рече дека се посветени европската перспектива на регионот да ја направат реалност.
„Ова е момент на будење за Европа, момент кога треба да заживее процесот на проширување со земјите од Западен Балкан. Знам дека имате одредени очекувања и со право. Треба да почнеме формално преговарање за пристапување на Северна Македонија и Албанија што поскоро и се надевам дека тоа ќе биде можно на следната меѓувладина конференција“, нагласи Борел.
На новинарското прашање „Што ќе направите конкретно освен декларативните заложби за членството на Северна Македонија во ЕУ и дали може во јуни да ветите започнување на преговорите“, Борел рече дека местото на Северна Македонија е во семејството на Европската Унија, но дека не може да вети започнување на преговорите.
Премиерот Димитар Ковачевски, истакнувајќи дека во време на голема нестабилност, која е резултат на воената агресија на Русија врз Украина, како никогаш досега се јавува потребата Европа да биде обединета, силна и целосно подготвена да ги одбрани демократските вредности на чии темели е изградена.
„Европската Унија и сите земји членки треба да делуваат стратешки и храбро, и да повикаат на интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија. Единствена Европа која целосно е обединета може да е силна Европа. Сегашната состојба на статус кво е состојба која никому не му оди во прилог“, нагласи Ковачевски.
Наведувајќи дека земјите од Западен Балкан се тесно поврзани, Ковачевски рече дека кога има напредок во една земја, тоа е поттик за напредок кај другите соседи.
„Војната која се случува“, како што рече Ковачевски, „е ризик за зголемено влијание на трети страни во регионот за што сите мора да бидеме исклучително внимателни и подготвени.“
„Брзата интеграција на Северна Македонија и регионот ќе обезбеди стабилност и развој на Европа“, додаде премиерот Ковачевски.