ИСТАНБУЛ (АА) – Францускиот претседател Емануел Макрон денес ги осуди критиките од Вашингтон за недостигот на помош во врска со Иран, нагласувајќи дека неговата земја не е дел од таа операција, јавува Анадолу.
„Тие (САД и Израел) може и понатаму да се жалат дека не им помагаме во оваа операција за која сами одлучија, но тоа не е наша операција“, изјави Макрон пред новинарите за време на посетата на Јужна Кореја.
Исто така, тој истакна дека воената операција за „ослободување“ на Ормускиот Теснец би била „нереална“.
Макрон одговори и на неодамнешните коментари на Трамп во врска со неговиот брак, нагласувајќи дека тие не биле „ниту умесни ниту, пак, на ниво на стандард“.
„Нема да одговорам, тоа не заслужува одговор“, додаде францускиот претседател.
