Муцунски од Белфаст ја нагласи потребата од заеднички одговор на современите безбедносни ризици
Муцунски учествува на состанокот на министрите за надворешни работи во рамките на Берлинскиот процес, кој денес се одржува во Белфаст

СКОПЈЕ (АА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, ја нагласи потребата од заеднички одговор на современите безбедносни ризици што влијаат врз безбедноста и стабилноста, пренесува Анадолу.
Муцунски учествува на состанокот на министрите за надворешни работи во рамките на Берлинскиот процес, кој денес се одржува во Белфаст.
Во фокусот на дискусиите, како што соопшти Министерството, биле регионалната соработка, европските перспективи на земјите од Западен Балкан и заедничките безбедносни предизвици.
Во своето обраќање Муцунски ја нагласил потребата од заеднички одговор на современите безбедносни ризици – хибридни и киберзакани, дезинформации, миграции, нелегално финансирање и организиран криминал „што дополнително влијаат врз безбедноста и стабилноста, поткопувајќи ги институциите и јавната доверба“, истакна Министерството.
На состанокот е истакнато дека политиката на проширување на Европската Унија претставува витална рамка за трансформација на општествата и унапредување на добрососедските односи, демократските стандарди и владеењето на правото.
„Зaеднички беше констатирано дека постепената интеграција, Планот за раст и Заедничкиот регионален пазар значајно го приближуваат Западен Балкан до Европската Унија и го прават пристапниот процес поопиплив за граѓаните“, се додава во соопштението на Министерството.
На состанокот учествуваат министрите за надворешни работи од земјите од Западен Балкан и земјите членки на Европската Унија вклучени во Берлинскиот процес.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.