свет, Операција Извор на мирот

Текстот од Договорот за Сирија: Почнуваат заеднички патроли на Турција и Русија

Чавушоглу рече дека двете страни јасно ја потврдиле решителноста во однос на прашањето на политичкото единство и територијалниот интегритет на Сирија како и заштита на националната безбедност на Турција

Zuhal Demirci, Tuğrul Çam  | 22.10.2019 - Обновена : 23.10.2019
Текстот од Договорот за Сирија: Почнуваат заеднички патроли на Турција и Русија (Foto: Murat Kula - Anadolu Agency)

АНКАРА (AA) - Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу по состанокот со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин во Сочи, го прочита текстот од постигнатиот договор помеѓу двете земји, јавува Anadolu Agency (AA).

„Ќе биде задржана постоечката состојба на подрачјето на операцијата Извор на мирот на длабочина од 32 километри, вклучувајќи го Тел Абјад и Рас ал-Ајн", рече Чавушоглу.

Истакна дека двете страни јасно ја потврдиле решителноста за прашањето на политичко единство и територијалниот интегритет на Сирија како и заштита на националната безбедност на Турција.

Исто така, нагласена е решителноста во борбата против сите облици и манифестации на тероризмот и спречување на сепаратистичките агенди на сириската територија. Двете страни ја потврдија важноста на договорот од Адана, а Русија вети дека ќе го олесни спроведувањето на овој договор.

„Терористите на ЈПГ и нивното оружје ќе бидат изместени 30 километри во рок од 150 саати, почнувајќи од 23. октомври од 12:00 часот", рече Чавушоглу.

Истакна дека на состанокот е постигнат историски договор на Турција и Русија според кој терористите на ЈПГ се повлекуваат, а почнуват и заеднички патроли во Сирија.

Нагласи дека исто така е договорено терористите на ЈПГ да се повлеча во рок од 150 саати, после што ќе започнат заеднички патроли на Турција и Русија на длабочина од 10 километри, западно и источно од подрачјето на операцијата „Извор на мирот".

„Ќе бидат отстранети сите терористи на ЈПГ со оружје од Мунбич и Тел Рифат. Двете страни ќе ги преземат потребните мерки за да се спречи инфилрацијата на терористичките елементи. Со заеднички напори ќе биде олеснат сигурно и доброволно враќање на бегалците. Ќе се воспостави заеднички механизам на следење и проверка кој ќе го надгледува и координира спроведувањето на овој договор. Страните ќе продолжат со напорите да изнајдат политичко трајно решение за сирискиот судир во рамките на механизмот од Астана, а ќе ги поддржат и активностите на Уставниот одбор на Сирија", рече Чавушоглу.

На состанокот на Ердоган и Путин и делгациите, кој траеше повеќе од шест саати, постигнат е договор на Турција и Русија според кој терористите на ЈПГ се повлекуваат, а почнуваат заеднички патроли во Сирија.

Ердоган по состанокот рече дека со рускиот лидер е потпишан историски договор за борба против тероризмот, територијален интегритет и политичко единство на Сирија.

Путин истакна дека Русија ги разбира чекорите кои Турција во Сирија ги презела во врска со заштита на националната безбедност, додавајќи дека сирискиот Уставен одбор ќе го има првиот состанок на 29 и 30 октомври во Женева.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.