Mohamad Misto,Adham Kako
12 Октомври 2019•Ажурирај: 15 Октомври 2019
ТЕЛ АБЈАД (AA) - Голем број Арапи, кои присилно биле регрутирани од страна на терористичката организација ЈПГ/ПКК, го искористуваат тоа што оваа терористичка организација губи контрола како резултат на успешното продолжување на операцијата „Извор на мирот“ и бегаат од оваа организација, јавува Anadolu Agency (AA).
Успешното продолжување на операцијата „Извор на мирот“ започната од страна на Турските вооружени сили (ТСК) им овозможи на Арапите кои биле регрутирани под притисок на ЈПГ/ПКК да побегнат од оваа организација.
Некои млади Арапи, кои дадоа информации за АА, но сакаа да останат анонимни поради безбедноста на нивните семејства, раскажаа дека избегале од ЈПГ/ПКК искористувајќи ја приликата предизвикана од продлабочувањето на операцијата на ТСК и Националната војска на Сирија.
Младите Арапи истакнаа дека оваа организација веќе долго време, вршејќи притисок во регионот, ги заплашувала арапските племиња, и дека бројни племиња не можеле да му се спротивстават на инсистирањето на ЈПГ/ПКК за регрутирање на младите. Според нив, САД го поттикнувале овој процес нудејќи финансиска и логистичка поддршка на племињата кои соработувале со оваа организација.
Тие нагласија дека е отстранет притисокот врз арапските племиња со доаѓањето на ТСК и Националната војска на Сирија на арапските територии.
„Стотици наши пријатели искористувајќи ја приликата со губењето на контролата на ПКК, ги напуштија местата во руралните подрачја на Ајн ел Араб и Мунбич. Избегаа и се скрија. Отидоа во местата што ги сметаа за безбедни. Дури можно е и поголемиот број од нив да излегле од таму. ПКК се обидува да ги спречи овие бегства затворајќи ги патиштата“, нагласија младите Арапи.