Sarp Özer
14 Октомври 2019•Ажурирај: 15 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Откриени снимките од затворот во центарот на Тел Абјад од кој терористите на ПКК/ПЈД-ЈПГ ги ослободиле припадниците на терористичката организација ДЕАШ, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од безбедносните извори, откриено е дека затворот во Тел Абјад, каде што во рамки на постигнатиот договор Турција беше подготвена да ја преземе контролата, бил празен.
Затворот бил целосно испразнет од терористите, а привлече внимание тоа што вратите на објектот обиколен со високи ѕидови, биле отворени.
Во затворот кој бил напуштен од терористите на ЈПГ, биле пронајдени постери на лидерот на оваа терористичка организација, како и различни документи.
„Кога отидовме во затворот на ДЕАШ, видовме дека бил испразнет од терористите на ЈПГ и дека биле ослободени припадниците на ДЕАШ кои се наоѓале таму“, истакна претходно Хулуси Акар, министер за национална одбрана на Турција.