Операција Извор на мирот

Американската војска ја напушти набљудувачката точка јужно од Ајн ал-Араб

Како што дознава новинарот на АА од безбедносни извори, американската војска напушти набљудувачка точка на југот на Ајн ал Араб, денес околу 15 часот

Ferhat Demircan  | 14.10.2019 - Обновена : 14.10.2019
Американската војска ја напушти набљудувачката точка јужно од Ајн ал-Араб

АНКАРА (AA) - Припадниците на Соединетите Американски Држави (САД) ја напуштија набљудувачката точка јужно од сирискиот Ајн ал Араб, јавува Anadolu Agency (AA).

Како што дознава новинарот на АА од безбедносни извори, американската војска напушти набљудувачка точка на југот на Ајн ал Араб, денес околу 15 часот.

Турските сили на 9 октомври ја започнаа операцијата „Извор на мирот“ во североисточна Сирија, односно во пограничниот појас на источниот брег на Еуфрат, кој е под окупација на терористичката организација ЈПГ/ПКК.

Целта на операцијата е со елиминирање на терористичките елементи да се обезбеди турската граница и да се спречи воспоставување терористички коридор. Целта е и воспоставување безбедносна зона за враќање на сириските бегалци и зачувување на територијалната целост на Сирија.

Турција предупредува дека терористичката операција ПКК и нејзиниот сириски огранок ЈПГ/ПЈД претставуваат најголема закана за безбедноста на Сирија, бидејќи го загрозуваат нејзиниот територијален интегритет и целост.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın