????? ????
13 Ноември 2015•Ажурирај: 14 Ноември 2015
ДЕБАР (AA) – Свечено е отворено училиште во селото Долгаш, кое се наоѓа во општината Центар Жупа. Училиштето е реконструирано од страна на турската интернационална агенција за соработка и координација - ТИКА, јавува Anadolu Agency (AA).
На свеченото отворање присустуваа заменик-претседателот на ТИКА Али Маскан, градоначалникот на општина Дебар Ружди Лута, градоначалник на општина Центар Жупа Аријан Ибрахими, координаторот на ТИКА во Скопје Теоман Тирјаки, претставници од невладини организации, претставници на медиумите, локалните жители и други гости.
Свеченото отвворање започна со настапот на учениците од училиштето "Неџати Зекерија" , каде тие рецитираа стихотворби и пееја песни.
Директорот на училиштето "Неџати Зекерија" , Абдул Реџеп, во својот говор, зборуваше за историјата на на училиштето и се заблагодари на ТИКА и на сите оние кои им овозможија на учениците од ова место да учат во модерна зграда.
Градоначалникот на општина Центар Жупа, упати благодарност до ТИКА и Република Турција за зградата донирана на населението во оваа област и рече:
„Господ да не не остави без Турција. Ако Турција е силна, и ние тука можеме да живееме безгрижно."
Заменик претседателот на ТИКА Али Маскан во своето обраќање истакна дека за прв пат го посети селото и дека како жителите на регионот исто така и тој е номад. Али Маскан посака новата зграда да биде од голема корист за учениците и локалното население и им посака успех на учениците.
Долгаш е село кое се наоѓа во југозападниот дел на Република Македонија и е дел од општина Центар Жупа, 16 километри од центарот.
Во ова село живеат околу 300 номадски турци.
Училиштето е изградено во 1970 година, додека околу 25 ученици учат на турски јазик од прво до петто одделение.