????? ????????
03 Ноември 2015•Ажурирај: 04 Ноември 2015
Министерството за образование и наука (МОН) и оваа година доделува стипендии за учениците кои учат во јавните и приватните училишта. Конкурсот за учебната 2015/2016 година е веќе објавен во дневните весници и на веб-сајтот на министерството со цел учениците да имаат доволно време да ги подготват документите и да аплицираат за некоја од нив, најави денеска министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, јавува Anadolu Agency (AA)
"И годинава ќе доделиме 745 стипендии кои се поделени во 6 категории. Станува збор за стипендии за социјална поддршка на учениците, за ученици со статус на деца без родители, стипендии за ученици со посебни потреби, за талентирани ученици – спортисти, за талентирани ученици, и стипендии за ученици од угостителско - туристичката струка" ,објасни Адеми.
Кандидатите мора да имаат успех од 4,00 или поголем. Од вкупниот број, 400 стипендии се наменети за социјална поддршка на учениците, 80 за децата без родители, а 50 за учениците со посебни потреби. За талентирани ученици и спортисти пак, ќе се доделат 150 стипендии во вредност од 2.970 денари месечно. Најмалиот број - 15 стипендии - се наменети за учениците од угостителско – туристичка струка во висина од 2.200 денари месечно.
"Сите ученици кои сакаат да аплицираат за некоја од 745-те стипендии, треба да се редовни ученици во јавните и приватните средни училишта во Република Македонија. Исто така треба да не повторувале ниту една година во текот на школувањето, да не користат стипендија од друга институција или фирма и да се државјани на Македонија" ,објасни министерот за образование и наука.