образование

Меѓународниот балкански универзитет ја обликува иднината на регионот во областа на здравството

- Меѓународниот балкански универзитет, растечки образовен бренд на Балканот, продолжува да произведува квалитетни здравствени кадри преку своите инвестиции во здравствениот сектор, современата инфраструктура и програмите фокусирани на практична обука

Dzihat Aliju  | 17.07.2025 - Обновена : 18.07.2025
Меѓународниот балкански универзитет ја обликува иднината на регионот во областа на здравството

СКОПЈЕ (АА) - Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ), како растечки образовен бренд на Балканот, продолжува да произведува квалитетни здравствени кадри преку своите инвестиции во здравствениот сектор, современата инфраструктура и програмите фокусирани на практична обука, пренесува Анадолу.

Според соопштението од ИБУ, сеопфатниот здравствен екосистем, кој се протега од Факултетот за дентална медицина до Комплексот „Balkan Laboratories“, не само што го унапредува квалитетот на образованието, туку придонесува и за развојот на здравствените услуги и напредокот на научните истражувања во регионот.


- Дигитална трансформација и практична настава на Факултетот за дентална медицина

„Факултетот за дентална медицина на ИБУ им овозможува на студентите уште од првата година практична обука во дигитални симулациски лаборатории, користејќи CAD/CAM-системи, 3D-принтери и напредни дигитални скенери“, стои во соопштението на ИБУ додавајќи, „целта на факултетот е да произведе дипломци кои не само што ги поседуваат техничките вештини, туку и кои ги имаат внатрешно усвоено хуманите вредности.“


- Искуство со вистински пациенти преку „Balkan Dental Polyclinics“

„Balkan Dental Polyclinics“ претставува значаен елемент на практичната настава каде што студентите имаат можност да работат со вистински пациенти, опфаќајќи услуги од превентивна стоматологија до естетски третмани, под менторство на универзитетските професори, студентите активно учествуваат во сите фази на третманот.


- Висока медицинска школа и соработка со Аџибадем

Високата медицинска школа на ИБУ ги реализира програмите за медицински сестри и акушерки во соработка со Универзитетот Аџибадем во Турција и болниците Аџибадем Систина. „Преку Модерниот симулациски центар, студентите се подготвуваат за професионалниот живот со практикување на докажани медицински пристапи во безбедна средина“, стои во соопштението.


- „Balkan Laboratories“: Центар за едукација и истражување

Комплексот „Balkan Laboratories“, кој се простира на површина од 1.700 квадратни метри, нуди 13 специјализирани лаборатории - од молекуларна биологија и генетика до патологија, анатомија и фармацевтска индустрија. „Со ова, студентите добиваат можност за активно учење ориентирано и кон едукација и кон научно-истражувачка работа. Конференциската сала со капацитет од 150 места го прави овој комплекс и центар за научни настани“, се вели од ИБУ.

Зборувајќи за здравственото образование, ректорот на ИБУ, проф. д-р Лутфи Сунар, рече:

„Здравственото образование е стратешка област која не само што го одредува квалитетот на животот на поединците, туку и капацитетот за развој на државите. Нашиот универзитет има мисија да биде лидер во создавање човечки ресурси и производство на знаење во областа на здравството на Балканот. Ги едуцираме нашите студенти да бидат компетентни професионалци, поддржани со напредна технологија, насочени кон етичките вредности и подготвени да се натпреваруваат на меѓународно ниво.“

Во врска со комплексот „Balkan Laboratories“, тој рече: „Со Комплексот Balkan Laboratories и Факултетот за дентална медицина нудиме синергија на теорија и практика, овозможувајќи им на студентите да направат значаен чекор напред во здравствениот сектор по нивното дипломирање. Овие инвестиции истовремено го зацврстуваат и здравствениот екосистем на Балканот.“


- Вашата иднина во здравството можете да ја обликувате на ИБУ

Меѓународниот балкански универзитет ги прима онлајн апликациите за академската 2025/2026 година преку адресата „hello.ibu.edu.mk/apply“.

Кандидатите кои ќе аплицираат до 31 јули 2025 година ќе имаат право на 5 % попуст за рана регистрација. За сите кои сакаат силен почеток во здравствениот сектор, ИБУ се издвојува како центар кој ја обликува иднината на регионот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın