наука и технологија, Балкан

Хрватска: Презентиран иновативен роботски систем за екстремни услови во безбедноста и одбраната

Роботскиот систем на далечинско управување за работа во екстремни нуклеарни, биолошки и хемиски услови, што се опасни по животот на човекот, е развиен со помош на европските фондови за структурни инвестиции...

Stipe Majic  | 29.06.2021 - Обновена : 30.06.2021
Хрватска: Презентиран иновативен роботски систем за екстремни услови во безбедноста и одбраната Фото: Stipe Majic/АА

ЗАГРЕБ (АА) - Компанијата ДОК-ИНГ, пионер на хрватската индустрија за роботика, претстави еден од најважните иновативни развојни проекти на безбедносната и одбранбена индустрија во Република Хрватска, мултифункционално роботско возило со далечинско управување, чии инженери работеа на прототипот три години, јавува Агенција Анадолија (АА).

Претставникот на премиерот на Република Хрватска и министер за одбрана, Марио Баножиќ, ја пофали долгогодишната соработка помеѓу Министерството за одбрана и ДОК-ИНГ на свеченото претставување на иновативниот хрватски роботски систем за екстремни услови во безбедноста и одбраната.

„Секој ден сме сведоци дека на примерите како овој роботски систем имаме вклучено луѓе кои имаат одредени знаења, способности и вештини важни за општеството. Ваквите решенија првенствено служат за заштита на хрватските војници и на човечките животи“, рече Баножиќ.

Тој ја истакна важноста на соработката помеѓу научната заедница, државата и приватните претприемачи во спроведувањето на ваквите проекти.

Вјекослав Мајетиќ, основач на компанијата ДОК-ИНГ, оцени дека ова роботско возило, направено според најновата технологија, може да се користи за повеќе намени.

„Мојата политика е мирољубиво да го користиме ова возило, главно за спасување и во одбранбената индустрија, но може да се користи и за други цели, имајќи предвид дека возилото може да носи разновидно оружје. Со овој уред можеме да влеземе во пожари, да отстраниме запаливи предмети, да работиме на патишта и да им обезбедиме на пожарникарите полесен пристап до гаснењето пожари“, рече Мајетиќ.

Тој посочи дека ова е прототип што ќе се усоврши пред да започне масовното производство, а што може да се реализира во рок од една година, во зависност од интересот на потенцијалните купувачи. Тој оцени дека ова е единствено возило на светскиот пазар и дека најдобро може да се користи во заштитата на европските граници.

Станува збор за единствена машина што може да работи во услови на отворен оган, експлозија, колапс, високи концентрации на експлозивни и токсични материи, како и во борба против терористичките закани.

Роботскиот систем на далечинско управување за работа во екстремни нуклеарни, биолошки и хемиски услови, што се опасни по животот на човекот, е развиен со помош на европските фондови за структурни инвестиции и со помош на хрватското Министерство за одбрана, Министерството за внатрешни работи и научната заедница.

Како дел од свеченото претставување на роботскиот систем, се одржа панел-дискусијата „Можности за хрватската одбранбена индустрија во претстојниот финансиски период на Европската Унија“.

Досега возилата на ДОК-ИНГ уништија околу 150.000 неексплодирани убиствени средства, активно учествуваат во рударскиот процес, а од 2020 година оваа компанија е единствената компанија од Хрватска што е членка на ПЕСКО, одбранбениот состав на Европската Унија.

























На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.