Selma Kasap
14 Февруари 2022•Ажурирај: 15 Февруари 2022
АНКАРА (АА) - Истражувачите од Универзитетот во Анкара, турскиот главен град, открија две планети во бинарниот ѕвезден систем „Кеплер-451“, кој е оддалечен 1.336 светлосни години од Земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Професорот Селим Осман Селам, раководител на Катедрата за астрологија и вселенски науки, рече дека тие откриле две џиновски планети со големина на Јупитер во системот „Кеплер-451“.
Селам рече дека планетите биле откриени со користење на промените на времињата на затемнувањата регистрирани во системот и како дел од истражувањето било утврдено дека системот кој содржи три планети има стабилна орбита.
„Откривањето планети околу бинарните ѕвезди е предизвик. Ако погледнеме во литературата, откривањето планети околу двојните ѕвезди е прво во Турција“, рече тој.
Професорот Селам појасни дека планетите се многу големи во размер, едната е двојно поголема од Јупитер, додека другата е 1,5 пати поголема од масата на Јупитер, и дека нема можност за живот на овие планети бидејќи се гасни гиганти.
Ова е второ откритие на планети од страна на турски научници, објавено во истакнат меѓународен журнал со заслуги на пет академици: професор Селим Осман Селам, раководител на Катедрата за астрологија и вселенски науки, истражувачот Екрем Мурат Есмер, вонредниот професор Озгур Баштурк, како и вонредниот професор на Универзитетот во Истанбул, професор Синан Алиш.