Muhammed Enes Çallı,Gökhan Ergöçün
30 Април 2023•Ажурирај: 02 Мај 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Најголемиот технолошки настан во Туркије, ТЕХНОФЕСТ, се очекува да биде домаќин на рекорден број посетители, изјави денес турскиот министер за индустрија и технологија, Мустафа Варанк, јавува Анадолу.
На прес-конференцијата како дел од настанот, кој се одржува на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, Варанк рече дека вчера фестивалот го посетиле над 600.000 посетители.
Според ТЕХНОФЕСТ, фестивалот во првите три дена го посетиле над 925.000 луѓе.
Фестивалот во 2019 година го посетија над 1,7 милиони посетители, што беше светски рекорд за технолошки настан.
Петдневниот ТЕХНОФЕСТ започна во четвртокот на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул и продолжува со полн ек.
Илјадници посетители доаѓаат за да ја видат најновата понуда од технолошките гиганти и компаниите од одбранбената индустрија од Туркије и од целиот свет.
Исто така, фестивалот приредува настани како концерти, работилници и воздухопловни шоуа.