Elena Trenchevska Chekovikj
04 Ноември 2024•Ажурирај: 06 Ноември 2024
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Собранието на Северна Македонија, Африм Гаши, денес оствари средба со претставници на Стопанската комора на Македонија – Туркије (МАТТО), пренесува Анадолу.
Преку објава на социјалните мрежи спикерот Гаши соопшти дека остварил „продуктивна средба со претставниците на МАТТО“.
Разговаравме за „одличните дипломатски односи што претставуваат солидна основа за продлабочување на економската соработка“, напиша Гаши.
Тој нагласи дека на средбата биле идентификувани проблемите што спречуваат привлекување инвестиции и неопходните чекори за олеснување на инвеститорите.
„Изразив целосна подготвеност за поддржување на интензивирањето на соработката и преземање конкретни чекори во таа насока“, истакна Гаши.