Ayşe Aktaş
07 Септември 2017•Ажурирај: 08 Септември 2017
АНКАРА (АА) - Научниците од САД дизајнираа уред со големина на молив, кој е во состојба за 10 секунди да ги открие канцерогените клетки, јавува Anadolu Agency (AA).
Според истражувањето на научниците од американскиот Универзитет во Тексас, кое е објавено во научното списание „Science Translational Medicine“, дизајниран е уред којшто во 96 отсто од случаите точно го дијагностицира ракот.
Научниците со уредот го допираат делот од телото за кој се сомневаат дека е зафатен од рак, а таму се испушта и една капка вода. Со уредот се зема назад капката која ги прифатила хемиските супстанции од живите клетки. Процесот во текот на кој уредот ги обработува податоците трае 10 секунди.
Научниците наведуваат дека новата технологија, освен побрзо дијагностицирање, нуди можност и за многу побрзо и посигурно отстранување на туморот.
Тестирањето на уредот ќе продолжи, а се очекува во поскоро време да биде користен и при операции. Досега се извршени 253 теста, а се претпоставува дека точноста на дијагнозата е 96 отсто.