Emel Öz Gözellik
03 Август 2017•Ажурирај: 04 Август 2017
АНКАРА (АА) - Во САД е откриена алга од времето на диносаурусите, за којашто порано се сметаше дека е искоренета, јавува Anadolu Agency (AA).
Научникот Ричард Меккорт, од Универзитетот Дрексел во Пенсилванија, изјави дека во подрачјето на Висконсин и Минесота пронашле жива алга „Lychnothamnus barbatus“ од периодот на диносаурусите.
Меккарт додаде дека веднаш забележале оти алгата која ја пронашле во 16 езера во Висконсин и во Минесота во периодот од 2012 до 2016 година е поинаква од останатите видови, поради што се одлучиле веднаш да направат анализа на нејзината ДНК.
Тестот покажал дка станува збор за алга којашто постоела и во времето на диносаурусите, а се наоѓа на подрачјето на Северна Америка.
Резултатите од истражувањето се објавени во списнието „American Journal of Botany".