Tolga Yanık
24 Март 2025•Ажурирај: 25 Март 2025
Успешно е завршено првото пробно гаѓање од поморска платформа на системот за блиска противвоздушна одбрана ЛЕВЕНТ, развиен од РОКЕТСАН со домашни ресурси, известува Анадолу.
Според соопштението што го објави РОКЕТСАН, системот за блиска противвоздушна одбрана ЛЕВЕНТ, чие прво пробно гаѓање беше извршено минатата година, е интегриран во ТЏГ Бејкоз на турските поморски сили и првпат е користен од поморска платформа.
Со овој тест успешно е завршено уште едно пробно истрелување со ЛЕВЕНТ, кој ќе биде ефективна разорна сила за блиска противвоздушна одбрана на турските поморски води.
Системот за блиска воздушна одбрана ЛЕВЕНТ, кој ќе игра клучна улога и во проектот „Челична купола“ осигурувајќи интегрирана повеќеслојна воздушна одбрана на Туркије, ќе обезбеди блиска воздушна одбрана за површинските платформи што ѝ припаѓаат на командата на турските поморски сили.
Мурат Икинџи, генерален директор на РОКЕТСАН, во објавата на својот профил на платформата X истакна:
„Оваа моќ е наследена од нашите храбри ЛЕВЕНТ. Успешно беше спроведено пробното тестирање на нашиот ЛЕВЕНТ, кој деноноќно ќе ги штити нашите поморски води како столб на нашата блиска противвоздушна одбрана. Би сакал да им се заблагодарам на сите што дадоа свој придонес.“