Tahsin Küçükkaraca
17 Март 2020•Ажурирај: 18 Март 2020
АНТАЛИЈА (АА) - Професорот по Медицинска фармакологија на Медицинскиот факултет на Универзитетот „Акдениз“ во Анталија, проф. д-р Чошкун Уста, соопшти дека витаминот Д и факторот Нрф-2, што го зголемуваат одбранбениот механизам на организмот, се ефикасни во борбата против вирусите.
Уста, во изјавата за Агенција Анадолија (АА), осврнувајќи се на коронавирусот што го зафати целиот свет рече дека моментално нема простор за паника во Турција, и дека од релевантните институции се реализираат многу добро потребните мерки.
Наведувајќи дека е важно да се зголеми отпорноста на телото против вирусите, Уста рече дека треба да сме изложени на сончева светлина и да се консумира храна што содржи витамини Д и Ц.
Опишувајќи ги начините како да се зголеми отпорноста на организмот, Уста рече: „Витаминот Д е ефикасен во борбата против коронавирусот бидејќи го зајакнува имунолошкиот систем. Оние што имаат недостаток на витамин Д, дефинитивно треба да се лекуваат.“
- „Цинкот игра клучна улога во надминување на многу болести“ -
Проф. д-р Чошкун Уста потенцира на важноста на исхраната во отпорноста кон вирусите.
„Во човековото тело има една молекула наречена Нрф-2. Оваа молекула ги создава системите што ја зголемуваат способноста на организмот да се бори против вируси. Во овој период, за да ја зголемиме количината на Нрф-2 треба да консумираме брокула, куркума, грозје, рузмарин и храна што содржи цинк. Цинкот ја зголемува отпорноста на имунолошкиот систем. Всушност, нивото на цинк во телото е многу ниско, но игра клучна улога во надминувањето на многу болести. За цинк може да консумираме риба во поголеми количини.“
Наведувајќи дека лекувањето на ракот во странските земји е започнато со молекулата на Нрф-2, Уста нагласи дека оваа молекула е важна во одбраната на телото од вируси.
Тој вели дека е неопходно да се консумира секој вид храна во нормални количини без претерување, и посочи дека умереното и урамнотежено консумирање храна е корисно.