наука и технологија

Првиот лунарен орбитер на Јужна Кореја воспостави контакт со НАСА 90 минути по лансирањето

„Данури“ е првата вселенска мисија на Јужна Кореја која патува надвор од орбитата на Земјата

Ekipa  | 05.08.2022 - Обновена : 08.08.2022
Првиот лунарен орбитер на Јужна Кореја воспостави контакт со НАСА 90 минути по лансирањето

АНКАРА (АА) - Првиот јужнокорејски лунарен орбитер успешно воспоставил контакт со копнена станица по 90 минути од неговото лансирање денеска, објавија локалните медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Корејскиот лунарен орбитер - исто така познат како „Данури“ - ја оствари својата прва комуникација со антената на „Дип спејс нетворк“ (Deep Space Network) на американската Национална аеронаутичка и вселенска администрација (НАСА) во Канбера, Австралија, околу 90 минути откако беше лансиран со ракетата „Спејс икс фалкон 9“ од Кејп Канаверал во САД“, соопшти новинската агенција „Јонхап“, цитирајќи го соопштението на Министерството за наука и ИКТ (Информатички и комуникациски технологии).

Лансирањето првично беше закажано за среда, но беше одложено поради одредени проблеми со одржувањето.

„Данури“ е првата вселенска мисија на Јужна Кореја која патува надвор од орбитата на Земјата.

Јужна Кореја ја лансира својата прва домашно произведена вселенска ракета во јуни, по неуспешниот обид во октомври минатата година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.