Zehra Nur Çelik
18 Февруари 2025•Ажурирај: 19 Февруари 2025
АНКАРА (АА) - Технолошката компанија Мета планира да изгради најдолг подморски кабел во светот – амбициозен проект од 50.000 километри, кој има за цел да ја подобри глобалната интернет-конекција, јавија британските медиуми денес, пренесува Анадолу.
Кабелот, кој е подолг од обемот на Земјата, ќе ги поврзе САД, Индија, Јужноафриканската Република, Бразил и други региони, објави „Скај њуз“.
Проектот, наречен Ватерворт, ќе воспостави три главни океански рути за поддршка на вештачката интелигенција и новите технологии, соопшти Мета.
Подморските кабли, кои пренесуваат околу 95 отсто од глобалниот интернет-сообраќај, се сметаат за „’рбетот на интернетот“, наведува „Глобал дигитал инклужн партнершип“, пренесе „Скај њуз“.
Сепак, пристапот останува нерамномерен, што непропорционално ги погодува маргинализираните заедници.
Мета досега има развиено над 20 подморски кабли, додека нејзиниот ривал Илон Маск го проширува интернет-пристапот со нискоорбитални сателити, наведува „Скај њуз“.
Овој амбициозен проект се очекува да чини милијарди долари и да трае неколку години, јави „Скај њуз“.
Мета соопшти дека ова е нејзиниот најамбициозен потфат досега.