Büşra Selvi Öğütcen
03 Август 2020•Ажурирај: 04 Август 2020
ЊУЈОРК
„Мајкрософт“, една од водечките технолошки компании во Соединетите американски држави, соопшти дека преговара за купување на американскиот огранок на апликацијата „TikTok“ на кинеската компанија „ByteDance“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на „Мајкрософт“ се наведува дека Главниот извршен директор на компанијата (CEO) се состанал со американскиот претседател, Доналд Трамп.
Во соопштението се истакнува дека по средбата меѓу Трамп и Надела, започнати се истражувања за купување на американскиот огранок на „TikTok“.
Меѓу другото, во соопштението се вели дека преговорите се водат за купување на правото на користење на апликацијата во САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд.
Преговорите се очекува да продолжат до 15 септември.
Од друга страна, од Белата куќа нема никаква оценка за изјавата дадена од страна на „Мајкрософт“.
Неодамна, Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека ќе потпише указ со кој ќе се забрани користењето на кинеската платформа на социјалниот медиум „TikTok“.
Многу американски експерти сметаат дека споменатата платформа „претставува закана за националната безбедност на САД“.