Riyaz Khaliq Khaliq
30 Октомври 2024•Ажурирај: 31 Октомври 2024
ПЕКИНГ (АА) - Кина го лансираше вселенското летало Шенџоу-19 со тројца астронаути, од кои една е жена, известува Анадолу.
Леталото беше лансирано со ракета „Лонг марш-2Ф“ во средата во 4:27 часот по локално време (20:27 по средноевропско време) од центарот за лансирање на сателити Џјиучјуан во Внатрешна Монголија, во провинцијата Гансу.
Во вселенското летало се наоѓаат астронаутите Цаи Шјуџе (48), Сонг Лингдонг (34) и Ванг Хаоѕе (34). Цаи е командант на мисијата.
Членовите на екипажот на Шенџоу-19 ќе ја преземат контролата над вселенските операции од леталото Шенџоу-18, кое се подготвува да се врати дома по шестмесечно истражување во вселената.
Екипажот на Шенџоу-18 замина во вселената на 25 април и се очекува да се врати во центарот во Донгфенг на 4 ноември.