Betül Yürük
16 Април 2021•Ажурирај: 16 Април 2021
ЊУЈОРК (АА) - Научниците претпоставуваат дека во текот на два милиони години во светот можно е дека живееле 2,5 милијарди диносауруси од видот „ти-рекс“ (Tyrannosaurus Rex), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Универзитет во Калифорнија, вршејќи пресметки врз основа на телесната температури на диносаурусите, нивната сексуална зрелост и потребите за енергија, објави истражување во врска со тоа колку диносауруси би можеле да живеат во текот на 127.000 генерации.
Како резултат на ова истражување, се претпоставува дека во текот на два милиони години во светот можно е дека живееле 2,5 милијарди диносауруси од видот „ти-рекс“.
Ова истражување откри дека овие видови диносауруси живееле во Северна Америка во период од 1,2 до 3,6 милиони години.
Директорот на Палеонтолошкиот музеј при Универзитетот во Калифорнија, Чарлс Маршал, истакна дека се откриени фосили на 100 диносауруси од видот „ти-рекс“, од кои 32 фосили се на машки диносауруси.
„Да живееја 2,5 милиони диносауруси наместо 2,5 милијарди, најверојатно никогаш не би успеале да знаеме дека постоеле диносауруси“, рече Маршал.
Исто така, во истражувањето се наведува дека се претпоставува оти диносаурусите од видот „ти-рекс“, во периодот од 14. до 17. година од својата возраст достигнувале сексуална зрелост, и дека живееле 28 години.