наука и технологија

Веќе нема да биде активна најстарата веб-камера во светот

Веб-камерата е ставена во функција во рамки на студентски проект на Одделот за образовни технологии во Универзитетот „Сан Франциско“, и емитува преку интернет

Tolga Yanık  | 21.08.2019 - Обновена : 22.08.2019
Веќе нема да биде активна најстарата веб-камера во светот

ИСТАНБУЛ (АА) - Веб-камерата наречена „FogCam“, која емитува постојано од 1994 година и се смета за најстарата веб-камера во светот, почнувајќи од крајот на месецот веќе нема да функционира, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според соопштението објавено на интернет-страницата на „FogCam“, оваа веб-камера е ставена во функција во рамки на студентски проект на Одделот за образовни технологии во Универзитетот „Сан Франциско“, и емитува преку интернет. Се вели дека кон крајот на овој месец, веб-камерата веќе нема да биде активна.

„FogCam“ веќе 25 години постојано функционираше преку интернет.

Овој проект е реализиран од страна на Џеф Шварц и Ден Вонг, а во текот на овие години функционираше во различни места во Универзитетот „Сан Франциско“.

Исто така, во ова соопштение се нагласува дека од 1994 година досега, интернетот претрпел многу промени, но дека „FogCam“ секогаш имала посебно место во историјата на интернетот.

„По 25 години, „FogCam“ ќе се затвори во август. Упатуваме благодарност до сите наши следбеници и до Универзитетот „Сан Франциско“ за нивната поддршка во текот на овие години“, се наведува во соопштението.

Џеф Шварц, коосновач на овој проект, во изјавата за американскиот весник „SFGate“ истакна дека е тешко да се најде безбедна локација со цел да продолжи да функционира „FogCam“, и дека веќе е време да се стави крај на овој проект.

Сличен проект како „FogCam“ беше започнат во 1991 година во Универзитетот „Кембриџ“, а во 2001 година беше ставен крај на овој проект. Затоа „FogCam“ го носи епитетот најстара веб-камера во светот која функционира.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın