Göksel Yıldırım
12 Јануари 2024•Ажурирај: 13 Јануари 2024
АНКАРА (АА) - Аксунѓур, борбено летало без екипаж развиено и произведено од Турски аеровселенски индустрии (ТАИ), се подготвува за домашни и странски мисии, јавува Анадолу.
Специјализиран за повеќенаменски разузнавачки, надзорни, извидувачки и јуришни мисии со носивост на опрема специфична за мисијата, борбениот дрон Аксунѓур е развиен во краток временски период од 18 месеци од страна на ТАИ, врз основа на платформата „Анка“ на компанијата.
По започнувањето на својата прва мисија во вториот квартал од 2021 година, Аксунѓур стана дел од Турските поморски сили во октомври истата година.
Со над 20.000 часа лет, тој е користен од различни страни во Туркије и во странство, опремен со нови способности и со различна носивост.
Бројот на борбени беспилотни летала од моделот Аксунѓур во Турските вооружени сили е зголемен, како и извозот на борбени дронови. Испратени се во три земји, а во тек се интензивни преговори со уште неколку земји.
Аксунѓур ја достигна својата финална форма со интеграцијата на ТЕИ-ПД170 авијацискиот турбодизел-мотор развиен од турската групација ТАИ моторна индустрија (ТЕИ).
За време на тестирањето за перформанси, беспилотното летало достигна 41 час во воздух со вграден мотор од турско производство, поставувајќи рекорд на лет.
По завршувањето на сите тестирања Аксунѓур со својот мотор од домашно производство ќе се вклучи во инвентарот на турската одбранбена индустрија во 2024 година.
Борбеното беспилотно летало ќе игра важна улога во извидувачките и јуришните мисии во сите временски услови, придонесувајќи за логистиката на муниција.