Mustafa Deveci
07 Март 2019•Ажурирај: 09 Март 2019
ЕРУСАЛИМ (AA) - На Хебрејскиот универзитет, во Ерусалим (Кудс) изложени се 110 документи кои рачно ги пишувал истакнатиот германски физичар Алберт Ајнштајн,јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за документите кои рачно ги пишувал истакнатиот германски физичар Алберт Ајнштајн. Се работи за документите кои претходно не се објавени, а кои семејството на Граун Гудман од Соединетите Американски Држави (САД) ги подарила на Универзитетот во Ерусалим.
Спомнатите документи за прв пат се отворени за јавноста на изложба во Ерусалим, а по повод 140 години од раѓањето на Алберт Ајнштајн, кој е добитник на Нобеловата награда.
Меѓу документите се научни трудови кои Алберт Ајнштајн ги пишувал, како и писмото кое во 1935 година му го испратил на синот Ханс Алберт.
Во писмото кое на синот во Швајцарија му го испраќа само четири години пред почетокот на Втората светска војна, Ајнштајн пишува дека е загрижен поради можната војна на тлото на Европа.
„Верувам дека работите во Германија почнале да се менуваат. Се надеваме дека нема да дојде до Прва војна во Европа. Германското вооружување може да биде опасно, а остатокот на Европа, првенствено Англичаните, работата ја сфаќаат сериозно", напиша Ајнштајн.
Истакнатиот германски физичар-теоретичар Алберт Ајнштајн роден е на 14 март во 1879 година во германскиот град Улм, во семејството на германскиот Евреин и трговец со хемикалии и електротехнички материјал, кој тргувал најпрвин во Германија, потоа во Швајцарија и Италија.
Се до својата трета година Ајнштајн не прозборел, но покажувал неверојатна љубопитност и брилијантна моќ на сфаќање на комплицирани математички концепти.
За работите на полето на квантната теорија доделена му е Нобелова награда. Ајнштајн ја разви теоријата на физичко поле барајќи врска меѓу гравитациско и електромагнетско поле.