Ekipa
11 Декември 2018•Ажурирај: 12 Декември 2018
СТРАЗБУР (АА) - Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, исклучи какви било преговори за постигнатиот договор за излез на Велика Британија од Европскиот блок, но нагласи дека одредени елементи на Брегзит сѐ уште можат да се разјаснат, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во своето обраќање во Европскиот парламент во Стразбур, Јункер изјави дека нема простор за повторни преговори за постигнатиот договор за излез.
„Но доколку интелигентно се користи, има доволно простор за додатни разјаснувања и идни интерпретации без отворање на Договорот за излез од Велика Британија“, истакна Јункер.
Претседателот на Европската комисија вечерва ќе се состане со британската премиерка Тереза Меј. Тој истакна дека Договорот кој бил постигнат, бил единствениот можен.