Seval Güler
16 Август 2016•Ажурирај: 17 Август 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот премиер, Бинали Јилдирим денес во Анкара изјави дека терористичките организации, како што се ПКК и ФЕТО, работат по принцип на создавање долгорочна нестабилност во регионот, јавува Anadolu Agency (AA).
Јилдирим денес зборуваше на редовниот состанок на пратеници на Партијата за правда и развој (АК Партија) во турскиот Парламент, осврнувајќи се на последните случувања во земјата.
На самиот почеток на обраќањето, Јилдирим се осврна на вчерашниот напад на терористичката организација ПКК на полициската станица за регионална контрола на сообраќајот во Дијабакир, во кој загинаа повеќе лица. Притоа изрази сочуство на семејствата на загинатите.
„ПКК која вели 'проблемите на жителите на регионот се наши проблеми', уште еднаш покажа дека нема да се откаже од пролевање крв. Терористичката организација ПКК го нема проблемот како што е курдското прашање. Ако постои некој проблем, тогаш тоа е проблемот на нашите курдски граѓани, кој се вика ПКК. Наша должност е да го елиминираме овој проблем, односно да ја отстраниме оваа терористичка организација со крвави раце”, изјави Јилдирим, додавајќи дека на народот не му се потребни терористичките организации.
Тој нагласи дека супериорниот ум којшто управува со ваквите организации, управува однадвор.
„Им даваат пари и тие убиваат. Им велат „запрете” , и тие запираат. Исто како и терористичката организација ФЕТО. Тие (ФЕТО И ПКК) горе се спојуваат под еден покрив. Едните се водат со лева а другите со десна рака. Но супериорниот ум е ист. Нашиот народ тоа мора добро да го знае”, изјави Јилдирим.
„Во ова не постојат принципи како што се иднината на Турција, братството, територијалниот интегритет, унитарниот државен поредок на една дражава, едно знаме, еден народ и една татковина. Но, што има? Да се одвои дел од територијата на Иран, Сирија, Ирак, Турција и така да се воспостави долгорочна нестабилност. Многу се трудеа од Турција да направат Ирак, Сирија, Јемен и Египет”, изјави Јилдирим.
Тој исто така рече дека терористичките организации, како пред обидот за државен удар на 15 јули, така и потоа, правеле планови како да го забрзаат процесот за нереди во Турција, и како да создадат состојба брат да удри на брат.
„Но, не сфатија дека на 15 јули над нивната сметка се наоѓа уште една сметка. Тоа беше сметката на правото, сметка на народот. Народот на 15 јули покажа колку е заедно со Владата која ја одбра”, истакна Јилдирим.
Осврнувајќи се и на водачот на терористичката организација ФЕТО, Фетулах Ѓулен, Јилдирим рече дека тој ќе дојде во Турција и ќе одговара, како и дека ќе одговараат сите други кои ја пролија крвта на загинатите херои.
„Сметки ќе се полагаат. ФЕТО (Фетула Ѓулен) ќе дојде и ќе одговара. Секој што ја пролеа крвта на нашите загинати херои ќе одговара. И додека се полагаат сметките, тоа нема да се прави поради желбата за одмазда, туку желбата за правда. Правдата на Турција е таа пред која ќе се одговара. Смртната казна е смрт еднаш, но за сите нив постои многу поголема смрт. Тоа е всушност независно и фер судење”, порача турскиот премиер Бинали Јилдирим.