Özcan Yıldırım
19 Декември 2018•Ажурирај: 19 Декември 2018
АНКАРА (AA) - Бинали Јилдирим, претседателот на Големото народно собрание на Република Турција (ТБММ), изјави дека Турција и Катар имаат цврсти односи, додавајќи дека и во наредниот период ќе бидат преземени потребни напори за да постоечкото пријателство на двете земји биде уште посилно, јавува Anadolu Agency (AA).
„Турција и Катар секогаш и во најтешките моменти биле пријатели, а така ќе биде и во иднина", рече Јилдирим во обраќањето во Анкара на приемот по повод Националниот ден на Катар.
Потсети дека односите на двете земји одлично се развиваат веќе половина век и дека денес се на високо ниво.
„Двете земји се соочувале со многу проблеми до денес и успеале да ги надминат преку меѓусебна помош и солидарност. Во нашиот јазик се вели'пријател во неволја'. Тоа се вели за пријателите кои останале пријатели и во најтешките моменти. Така Турција и Катар се до денес секогаш биле пријатели и во неволја. А нашите браќа од Катар добро знаат кој со нив бил во среќните моменти, но и во оние тешките. Турција е верен и вистински пријател на Катар. Она што Турција го вети тоа и го исполни. Затоа односите помеѓу Турција и Катар на многу полиња како што е политиката, економијата и одбраната ќе продолжат со сигурни чекори", рече Јилдирим.
Потсети и на 4. Самит на Високиот стратешки одбор на Турција и Катар кој е одржан во Истанбул во присуство на претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган и катарскиот емир Тамим бин Хамад ал Тани.
„Заклучоците од состанокот и одлуките кои се донесени дополнително придонеле во јакнењето на односите на Турција и Катар", рече Јилдирим, напоменувајќи дека односите помеѓу државите се мерат и според нивото на економските и трговските врски.
„Нашите односи со Катар напредуваат со цврсти чекори во сите области. Нашата билатерална трговска размена е секоја година се поголема. Верувам дека нашите економски и трговски односи и во иднина ќе бидат продолжени во согласност со нашиот потенцијал кој го поседуваме", рече Јилдирим.