Sinan Metiş
11 Ноември 2017•Ажурирај: 11 Ноември 2017
АНКАРА (AA) - Премиерот на Република Турција Бинали Јилдирим во текот на посетата на Њујорк оцени дека неговиот состанок со американскиот потпретседател Мајк Пенс во Вашингтон бил многу конструктивен и продуктивен, јавува Anadolu Agency (AA).
„Имав многу продуктивен состанок со американскиот потпретседател Мајк Пенс. Разговаравме за теми кои се однесуваат на двете земји. Исто така разговаравме и за регионални прашања. Во принцип одлучивме да преземеме потребни напори, по овој момент нашите меѓусебни односи да ги насочиме во позитивен правец и да ги поставиме на повисоко ниво од сегашното", рече Јилдирим.
Истакна и дека во текот на посетата на САД со тамошните функционери разговарал и за прашањето на испорачување на лидерот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен.
„Ние во врска со ова прашање го кажавме она што е потребно, им ги пренесовме нашите очекувања, додека спротивната страна не рече ништо негативно во врска со тоа. Ни рекоа дека се свесни за важноста за ова прашање за нас. По овој момент, ќе следиме што се случува, ќе видиме што понатаму, а ќе преземеме и потребни чекори", рече турскиот премиер.
Додаде дека целта на Турција е да развива односи со Вашингтон, а не да ги влошува.
„Наша цел не е односите да ги влошуваме туку да ги поправаме и да ги развиваме. Тоа би било од корист за двете земји, како за Турција, така и за САД. Во таа смисла ќе продолжиме да работиме во позитивна насока", рече Јилдирим.