Sevil Çelik
09 Мај 2017•Ажурирај: 09 Мај 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Премиерот на Република Турција, Бинали Јилдирим, изјави дека Турција и според официјалните податоци на ОН е земја што згрижува најголем број бегалци, и додаде дека земјата воедно води и политика на соработка со сите пријатели во борбата против тероризмот, јавува Anadolu Agency (AA).
„Никогаш со симпатии не гледавме ниту на една терористичка органзација, а неблагонаклоно гледаме на оние кои симпатизираат некои терористички групи“, порача Јилдирим во обраќањето на отворањето на 13. Меѓународен саем на одбранбена индустрија во Истанбул.
Јилдирим истакна дека Турција придава приоритетна важност на зачувувањето на безбедноста на своите граници, територијалнаа целовитост и безбедноста на луѓето и имотот, и дека иста важност Турција придава и на зачувувањето на тие вредности во сите други земји.
„Безбедносната политика ја засноваме на заштита на животот и човекот. Паралелно со зачувувањето на безбедноста во земјата, ние ги раширивме рацете и примивме милиони загрозени лица од војната, а тоа е пример за солидарност и за начинот на кој би требало да се угледа целиот свет“, изјави Јилдирим.
Турскиот премиер Јилдирим исто така порача дека без Турција е невозможно да се размислува за безбедност во Европа, но и за решавање на блискоисточните проблеми.
„Сите мораат да бидат сигурни во фактот дека Турција денес е многу посилна отколку што беше претходно, но и во тоа дека утре ќе биде уште многу посилна“, заклучи Јилдирим.