Dursun Aydemir
01 Мај 2018•Ажурирај: 02 Мај 2018
БРИСЕЛ/МАДРИД/ВИЕНА (AA) – Во многу градови ширум Европа, меѓу кои во Мадрид, Брисел, Атина, Виена и Москва невладините оргнизации по повод 1. мај, Меѓународниот празник на трудот, организираа протести, маршеви и прослави, јавува Anadolu Agency (AA).
Таму каде беа организирани демонстрации, барањата беа исти - подобри услови за работа.
Членовите на Работничката партија на Белгија (PTB) и синдикатите во Брисел организираа протестна прошетка. Демонстрантите се движеа до градскиот плоштад, а полицијата презеде високи безбедности мерки. Одредени раскрсници беа затворени за сообраќај.

„Сакаме да неделниот фонд на работните часови во Белгија да биде намален од 38 на 30", рече Дирк Деблок, претставник на РТВ, кој смета дека намалувањето на неделниот фонд на работите часови ќе придонесе и за намалување на невработеноста.
На одбележувањето на плоштадот во Брисел, присуствуваа голем број Белгијанци, повеќето од нив со своите семејства, кои се забавуваа со музика.
Во Мадрид голем број демонстранти се собраа на плоштадот Сол. Шпанците, меѓу другото, им се спротивставија на новите мерки на штедење.

На прославата по повод 1. мај организирана во Виена учествуваа повеќе од 100.000 луѓе. Претседателот на Социјалдемократската партија Кристиан Керн на собирот ја критикуваше намерата на владата да го зголеми неделниот фонд на работните часови.
Околу 130 илјади луѓе се собраа денеска на московскиот Црвен плоштад по повод одбележувањето на Меѓународниот празник на трудот. Руската агенција „TASS" јавува дека собраните на Црвениот плоштад извикуваа првомајски слогани со кои бараа подобрување на правата на работниците.

Неколку илјади Грци учествуваа на протестите во Атина. Грција подолго време се соочува со финансиска криза, а први мај е можност граѓаните да излезат на улиците и од надлежните да бараат подобри услови за работа.