Abdel Ra'ouf Daoud Abdel Ra'uof Arnaout,Hacer Başer
01 Мај 2018•Ажурирај: 01 Мај 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските сили срушија една зграда на Палестинците во окупираниот Источен Ерусалим (Кудс), под изговор дека е без дозвола, јавува Anadolu Agency (AA).
Мухамед Ебу ел-Химс, еден од членовите на Комитетот за одбрана во подрачјето на İsaviyye, за АА изјави дека израелските сили со три булдожери извршиле рација во ова подрачје.
Ебу Химс информираше дека по рацијата, израелските сили срушиле една зграда со четири станови и три деловни простори, и дека израелската полиција со солзавец интервенирала врз Палестинците кои реагирале против рушењето.
Израелските власти се закануваат со рушење на илјадници куќи на Палестинците во Источен Ерусалим (Кудс) под изговор дека се без дозвола.
Палестинците велат дека израелските општини избегнуваат да даваат дозволи, и дека оваа практика нема ниту една законска основа.
Според Палестинците, ова е дел од израелските политики за заплашување и за јудаизација на градот.
Од локалните и меѓународните организации за човекови права велат дека Израел, со тоа што не им дава дозволи за градење куќи на Палестинците кои живеат во окупираниот Источен Ерусалим (Кудс), сака да го намали нивниот број во градот.