Leman Hacıyeva
21 Декември 2017•Ажурирај: 21 Декември 2017
ЊУЈОРК (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, коментирајќи го усвојувањето на предлог-резолуцијата за Кудс на Генералното собрание на Обединетите нации (ГС на ОН), истакна дека со оваа одлука отворено е отфрлена одлуката на САД за Ерусалим (Кудс), јавува Anadolu Agency (AA).
„ГС на ОН отворено ја отфрли одлуката на САД за Кудс. На Генералното собрание е демонстрирана солидарноста по ова прашање“, изјави Чавушоглу.
Тој додаде дека Турција ќе преземе уште поголеми напори за Палестина да биде признаена како држава.
„Уште повеќе ќе работиме Палестина да биде признаена во границите од 1967 година со Источен Кудс како главен град“, изјави турскиот шеф на дипломатија.
Исто така, заменикот премиер на Турција, Бекир Боздаг, истакна дека ваквата одлука покажала оти палестинското прашање се однесува на целиот свет.
„Ваквата одлука на ОН покажа дека Кудс не е само прашање на Палестинците и муслиманите туку на целото човештво. Членките на ОН се обединија како што беа обединети и единствени исламските земји“, изјави Боздаг.
Нацрт-резолуцијата, која ја критикува одлуката на Трамп за Кудс, прифатена е на заседанието на Генералното собрание на ОН (ГСна ОН) со 128 гласови за, додека против беа 9 земји.
Против нацрт-резолуцијата за Кудс гласаа САД, Израел, Гватемала, Хондурас, Маршалски Острови, Микронезија, Науру, Того и Палау, додека 35 земји беа воздржани.
Освен земјите членки, и покрај заканите на САД, силно ја осудија одлуката на Трамп за Кудс.
Во споменатата резолуција се наведува дека е неважечка секоја одлука и акција која ќе го измени статусот, карактерот и демографскиот статус на Кудс.