Турција

Чавушоглу: „Турските граѓани заслужуваат патување во ЕУ без визи“

„Нашите граѓани заслужуваат безвизно патување во Европа. Продолжуваме со нашите напори за да се укине овој неправеден услов“, изјави Чавушоглу по 5. Состанок на Акциската група за реформи во Анкара

Ekipa  | 11.12.2018 - Обновена : 12.12.2018
Чавушоглу: „Турските граѓани заслужуваат патување во ЕУ без визи“

Ankara

АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, денес изјави дека турските граѓани заслужуваат безвизно патување во ЕУ и дека властите продолжуваат да работат на тоа, јавува Anadolu Agency (AA).

„Нашите граѓани заслужуваат безвизно патување во Европа. Продолжуваме со нашите напори за да се укине овој неправеден услов“, изјави Чавушоглу, за време на заедничката прес-конференција со уште неколку министри по 5. Состанок на Акциската група за реформи во Анкара.

Зборувајќи во врска со финансиите наменети за сириските бегалци, Чавушоглу нагласи дека има значајни одложувања и прекини во финансирањето на ЕУ за бегалците во Турција.

Тој, исто така ја критикуваше одлуката на ЕУ за кратење на претпристапната помош за Турција. „Доколку тие (ЕУ) мислат дека ја казнуваат Турција, грешат“, изјави Чавушоглу.

Запрашан во врска со убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, тој изјави дека неколку министри за надворешни работи на Самитот на Г20 се согласиле заеднички да отворат меѓународна истрага за убиството.

Осврнувајќи се на ситуацијата во северна Сирија, Чавушоглу изјави дека доколку целта на САД е да ги обучат терористите на ПКК, тоа е длабоко погрешно и претставува предавство за регионот кое Турција не може да го толерира.

Зборувајќи на прес-конференцијата, министерот за правда, Абдулхамт Ѓул, изјави дека Турција планира да го открие судскиот документ за стратешка реформа во јануари 2019 година.

Во соопштението објавено по состанокот, се вели дека ЕУ и Турција ќе имаат корист од раниот почеток на преговорите за обновување на Царинската унија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın