Ayşe Yıldız
14 Април 2018•Ажурирај: 15 Април 2018
АНТАЛИЈА (АА) - Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, зборувајќи за воената интервенција во Сирија, рече дека е неопходно да се премине на политичкиот процес во Сирија и да се спаси оваа земја од тамошниот режим, јавува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу престојуваше во јужниот турски град Анталија, а во таа пригода се осврна на интервенцијата на САД, Велика Британија и Франција во Сирија, каде што утрово беа бомбардирани неколку позиции на режимот на Асад, а се работи за капацитети на хемиско вооружување во Сирија.
„Во Сирија мораме да преминеме на политички процес. Сирија мораме да ја спасиме од режимот“, порача Чавушоглу, и додаде:
„Ова е операција против режимот кој користи хемиско оружје. Требаше да се интервенира многу порано.“
Како одговор на нападот со хемиско оружје врз Дума на 7 април, САД, Велика Британија и Франција рано утрово бомбардираа повеќе позиции на режимот на Асад во Дамаск и Хомс, а меѓу другото, се работи и за магацини со хемиско оружје.