Турција

Чавушоглу му одговори на францускиот шеф на дипломатијата

„Францускиот министер за надворешни работи, пред сè, ја премина границата. Тој мора да знае како да разговара со еден претседател“, изјави Чавушоглу за АА

Leyla Ataman Koyuncuoğlu  | 13.11.2018 - Обновена : 13.11.2018
Чавушоглу му одговори на францускиот шеф на дипломатијата

Antalya

АНТАЛИЈА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, коментирајќи ја изјавата на францускиот шеф на допломатијата која се однесува на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кажа дека Жан-Ив Ле Дриан сепак мора да знае како да говори за еден претседател на држава, јавува Anadolu Agency (AA).

„Францускиот министер за надворешни работи, пред сè, ја премина границата. Тој мора да знае како да разговара со еден претседател“, рече Чавушоглу за АА, за време на посетата на Алања.

Тој истакна дека на 24 октоври сите информции кои ги поседувала турската разузнавачка служба им се предадени и на француските разузнавачки служби.

„Може да каже дека не знае ништо за тоа, но исклучитено дрско е да го обвини нашиот претседатл дека игра политичка игра. Со други збоови, тоа не прилега на сериозната функција како што е министер за надворешни работи“, рече Чаушоглу.

„Наскоро би можеле, посебно тоа го нагласувам, и немојте да се изненадите, да го порекнат и убиството на Кашоги кое и Саудиска Арабија го призна“, рече Чавушоглу, додавајќи дека е потребно внимателно да се следат какви договори склучувале одредени земји во последно време.

На крајот повтори дека Турција ќе стори сè што е потребно со цел убиството на Кашоги детално да се расветли.

Фахретин Алтун, шефот за комуникации при канцеларијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, денеска исто така рече дека се неприфатливи обвинувањата на францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ив Ле Дриан дека „Ердоган игра политички игри“.

Тој истакна дека зборовите на Ле Дриан во врска со чекорите кои ги презела Турција кога станува збор за убиството на Кашоги, не ја отсликуваат вистината. Дoдаде дека Турција доказите за убиството на Кашоги ги споделила и со француските институции.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın