Merve Aydoğan
13 Јуни 2018•Ажурирај: 13 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, денес ја повика Германија да ѝ ги испорача на Турција осомничените припадници на ФЕТО, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во интервју за телевизискиот канал „Хабертурк“ (Haberturk), Чавушоглу изјави: „Доколку Германија не ни го врати Адил Оксуз, тогаш ќе биде на иста позиција како и САД коишто не ни го испорачуваат водачот на терористичката организација, Фетула Ѓулен“.
„Постои одредена активност во САД (во врска со испорачувањето на Ѓулен), но без разлика дали станува збор за Германија или за други земји, сите мора да ги вратат овие предавници кои го организираа државниот удар во Турција, овие луѓе мора да се соочат со правдата“, вели тој.
Министерот ги даде овие изјави кратко откако сведоци за АА денес рекоа дека најбараниот осомничен пучист од страна на Турција, Адил Оксуз, престојувал во мал апартман во Берлин под заштита на припадници на ФЕТО.
Оксуз, професор по теологија, кој е обвинет за организирање на обидот за државен удар кој се случи во Турција на 15 јули 2016 година, е во бегство речиси две години.
Чавушоглу истакна дека официјално ги контактирал германските власти во врска со Оксуз. „Ние секако имаме договор со Германија. Ова лице е пучист и Германија е многу свесна за тоа. Доколку го фатат, ќе започне процесот за испорачување“, изјави тој.
Во Германија, која е дом на повеќе од три милиони турски имигранти, ФЕТО има голема мрежа од десетици приватни училишти, бизнис и медиумски организации.
„По неуспешниот обид за државен удар во 2016 година, речиси 4.000 осомничени припадници на ФЕТО дојдоа во Германија од Турција и другите земји“, се вели во извештаите на локалните медиуми.
Неколку осомничени припадници на ФЕТО, вклучувајќи и поранешни војници и дипломати, аплицираа за азил во неколку покраини на Германија.