Fatih Hafız Mehmet
26 Ноември 2018•Ажурирај: 27 Ноември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, денес истакна дека на групите поврзани со неуспешниот обид за пуч во 2016 година во Турција не треба да им биде дозволено да работат со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), јавува Anadolu Agency (AA).
„Учеството на кој било претставник или невладина организација поврзана со ФЕТО, се разбира, не е прашање што можеме да го прифатиме“, изјави Чавушоглу на заедничктата прес-конференција со неговиот словачки колега Мирослав Лајчак во Истанбул.
За нешто повеќе од еден месец, Словачка треба да го преземе претседавањето со ОБСЕ за 2019 година.
Чавушоглу нагласи дека на својот словачки колега му посочил дека учеството на групите поврзани со ФЕТО врз платформи на ОБСЕ е неприфатливо за Турција.
Тој истакна дека некои групи поврзани со ФЕТО учествувале во платформи на граѓанското општество на ОБСЕ во претходните години.
Терористичката ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, кој живее во САД, стојат зад неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.
Словачкиот министер за надворешни работи, Мирослав Лајчак, од своја страна, истакна дека сметаат оти ОБСЕ ќе направи многу добра работа за безбедноста во Европа и Азија, и дека тие ги сакаат ставовите на Турција во врска со тоа.
Тој рече дека Турција е многу важна земја-учесничка во ОБСЕ.
Лајчак рече дека тој и Чавушоглу размениле ставови и разговарале за приоритетите.
Додаде дека е среќен што е добро пречекан во Турција и да добие поддршка за нивните планови како претседавачи со ОБСЕ.