Besar Ademi
01 Мај 2017•Ажурирај: 02 Мај 2017
СКОПЈЕ (АА) – Заменик помошникот на државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Хојт Брајан Ји, по дводневната посета на Македонија изјави дека „САД не гледаат причина да не му се даде можност на парламентарното мнозинство да ја формира новата влада“, јавува Anadolu Agency (AA).
Хојт Ји истакна дека не само САД, туку и ЕУ, НАТО и многу други земји го поддржуваат изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието на Република Македонија. Хојт Ји, истакнувајќи дека на средбите со политичките лидери разговарале дека тие треба да дејствуваат во наскока на завршување на политичката криза, формирање на новата влада и нова програма на владата, рече: „Ние не сме единствените што веруваме дека на Џафери треба да му биде дадена целосна можност да го демонстрира потребното лидерство, да ги направи неопходни чекори за да се формира новата влада и нејзината програма, со цел земјата да продолжи да се движи напред".
Запрашан во врска со ставот на претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов кој останува на ставот дека таканарречената Платформа на албанските политички партии претставува политичка пречка за доделување на мандатот Ји рече дека е нормално да постојат различниполитички мислења за приоритетите на програмата на владата, како и дека тоа е нормално за секоја земја која се соочува со бројни предизвици, вклучувајќи го и интегрирањето во ЕУ и во НАТО.
„Веруваме дека важно е политичките лидери да ја сфатат сериозноста и да најдат начин, мнозинството во Парламентот да одбере влада. Ги разбираме грижите, а целата програма на Владата треба да се дебатира во Собранието, а не надвор од него. Чувствуваме дека е важно земјата да биде обединета, политичките партии, цивилното општество и сите граѓани да работат заедно да има нова влада која ќе работи на реформите", порача американскиот дипломат Ји.
Меѓу другото, Ји рече дека е потребно да се овозможи формирање влада со нова владина програма за да тргнат реформите. Тој истакна дека тоа е ставот што го делат САД, ЕУ, НАТО и Берлин. Повтори дека САД се посветени да и помогнат на земјата да ги заврши реформите со цел да се приклучи во ЕУ и во НАТО.
Следниот чекор согласно денешните разговори со политичките лидери, според Ји, е да се надмине застојот, да се стави крај на кризата и земјата да оди напред.
Заменик помошникот на државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Хојт Брајан Ји во рамките на дводневната посета во Република Македонија се состана со лидерите на парламентарните политички партии во Макеоднија, како и со претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов и со претседателот на Собранието, Талат Џафери. Во фокусот на разговорите помеѓу американскиот дипломат Ји и политичките лидери во земјата беа последните случувања во Собранието на Македонија, актуелната политичка криза, како и можностите за излез од истата и формирање на новата влада.
Потсетуваме дека вечерта на 27 април, по изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието, во хаотична ситуација, демонстрантите симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ кои се собраа пред зградата на Парламентот, влегоа на сила во зградата. Како резултат на насилството од страна на демонстрантите кон пратениците, беа повредени околу 100 луѓе, вклучувајќи и пратеници, полицајци и претставници на медиумите.