Besar Ademi,Admir Fazlagikj
07 Мај 2016•Ажурирај: 08 Мај 2016
СКОПЈЕ (АА) - Поранешниот амбасадор на Европската Унија во Македонија Ерван Фуере кој од среда престојува во Македонија по повод одредени активности на Центарот за европско образование во Скопје во разговор за Аnadolu Аgency (AA) вели дека во овие околности политичката криза во Македонија треба да се реши од страна на политичките лидери, но нагласува дека во Македонија моментално не функционира демократијата поради што е потребно вклучување на меѓународната заендица.
„Минатата година преку Договорот од Пржино меѓународната заедница се обиде да ја врати демократијата во Македонија но повторно владеачките партии не ги почитуваа своите обврски понудени од страна на меѓународната заедница. Слабоста на меѓународната заедница е што тие не престојуваат овде за да го следат процесот секој ден и да бидат осигурани дека постојат точки кои не се почитуваат од страна на политичките лидери да и им стане јасно дека тие не може да ги одбијат понудите на меѓународната заедница бидејќи во спротивно ќе бидат казнети”, вели Фуере.
Зборувајќи за актуелната ситуација во земјата за последните протести против одлуката за помилување на политичарите, поранешниот амбасадор на ЕУ во Македонија, Ерван Фуере смета дека оваа одлука не е во согласност со меѓународното право, како и дека одлуката е донесена по налог на владејачките партии.
„Мислам дека одлуката на претседателот е целосно против владеење на правото и го покажува недостатокот на почитувањето на правдата од страна на највисоката функција во државата. Аболицијата на високи државни функционери покажува непочитување на основните демократски стандарди”, рече Фуере апелирајќи за повлекување на одлуката што е можно поскоро за доброто и иднината на земјата и полититичките актери за спроведување на одредбите на точките на овој договор.
- Изјавите против меѓународната заедница влијаат на имиџот на земјата
Во врска со критиките упатени кон амбасадорите на неколку европски земји кои во голема мерка интервенираа во внатрешните проблеми, Фуере смета дека оние кои тоа го изјавуваат не ја разбираат природата на дипломатијата и забораваат дека Македонија е земја кандидат за ЕУ. Како што вели тој, овие изјави го уништуваат имиџот на Македонија и во исто време влијаат на идниот развој на земјата.
„ Дипломатите имаат право да ја потсетуваат владата кога не успева во исполнување на должностите и одговорностите. Овие изјави имаат намера да ја повлечат меѓународната заедница од посветеноста за надминување на кризата. Истите покажуваат страв и обид за покривање на нивната вина. Сепак, тие не можат да ги запрат заложбите на меѓународната заедница бидејќи ова е земја кандидат за членство во ЕУ”, вели Фуере.
- Впечаток за водење на земјата кон Москва, игра за свртување на вниманието
Фуере оценува дека постојат одредени впечатоци дека македонската владата ја води земјата кон Москва но тоа е само една игра за отргнување на внимание бидејќи Русија нема интерес во Македонија.
,,Сите знаеме дека Русија нема интерес овде, но секако на некои луѓе им одговара да кажат такви тврдења. Таквите тврдења од страна на владејачката партија, сугерирањето на тоа дека Русија нуди најдобра алтернатива е обид да се оттргне вниманието од нивните слабости и на фактот дека сега сите заедници во земјата се здружија за да продолжат со членство во ЕУ затоа што тоа е единствениот начин за подобра иднина на земјата”, рече Фуере.
Поранешниот европски дипломат во однос на евроинтегративниот напредокот на земјите од Западен Балкан вели дека Република Македонија е на дното на листата. Тој земајќи го примерот на БиХ за која вели дека има многу проблеми но сепак постои политички дијалог, додаде дека во Македонија ваквиот дијалог е уништен, како и дека Македонија е единствената земја на Балканот, која според Фридом Хаус е оценета како неслободна земја.